Во име на Изборниот штаб на Европскиот фронт и нашите поддржувачи, сакаме да го изразиме нашето разочарување и загриженост од ненадејната одлука на опозицијатаз да одржување на нивниот митинг истиот ден и на истото место каде што ние имаме потврда од полицијата и повеќе од една недела најавуваме дека на 6 мај ќе го одржиме завршниот митинг на плоштадот во Тетово.
Оваа постапка на опозицијата, која дури денеска излезе во јавноста, не само што е очигледно кршење на принципите на взаемно разбирање и координација кои треба да преовладуваат во политичките активности, туку и непотребна провокација која може да ја загрози јавната безбедност и мирот.
Бараме опозицијата да ја преиспита својата одлука и да избере друг датум за нивната активност, за двете партии слободно и непречено да ги искажат своите ставови и програми.
Ние сме посветени на обезбедување безбедна и мирна средина за сите граѓани кои сакаат да учествуваат на нашиот митинг и повикуваме на едно мирно и одговорно решение која ќе ги почитува правата и безбедноста на сите учесници.
Ги повикуваме сите наши граѓани и поддржувачи на смиреност и достоинствено однесување, воздржувајќи се од секаков облик на провокација.
Од суштинско значење е сите политички актери да покажат умереност и да работат заедно за да гарантираат слободен, фер и мирен изборен процес.
Европски фронт