Денеска сме повторно во Гази Баба, како и секогаш во Гази Баба се работи. Нови позитивни работи каде и да одиме. Треба да се пофали градоначалникот Бобан Стефковски и неговиот тим бидејќи има многу проекти навистина.

Во последниве две години откако е тој градоначалник сведоци сме на преку триесеттина игралишта, спортски училишни сали што е навистина за пофалба, плус реконструкции на патишта, водоводи, канализации.

И вака, вака навистина се сака Гази Баба и се сака Македонија.

Јас секогаш сум горд бидејќи она што е ветуваме низ годините сега може да стане реалност. Честитки до целиот тим, но исто така сакам да ги повикам сите граѓани за да вакви проекти се создаваат и во иднина да ни ја дадат поддршката на 8 мај.

На 8 мај да ставиме печат на една голема историска победа за да има повеќе средства за сите општини. 250 милиони евра да се даваат годишно на сите општини вклучително и на Гази Габа каде ќе можеме да видиме и плус многу проекти токму тука со помош од централната власт.

Сега шансата е на народот! Промените се во твои раце народе!

И Македонија останува твоја!

Затоа промените треба да ги започне секој еден од нас!

Се гледаме на терен и на 8 мај за голема историска победа!



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2024 17:04