Јавното обвинителство на Република Македонија денеска соопшти дека е поднесено барање за определување мерки на претпазливост за 12 лица осомничени за злоупотреба на службена положба, без да наведе повеќе детали за која институција станува збор.

-Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела - Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Според дел од медиумите, станува збор за 12 лица од Агенцијата за млади и спорт вклучувајќи го и директорот на Агенцијата, Наумче Мојсовски, поранешниот директор на АМС и сегашен пратеник Дарко Каевски како и Даниел Димевски, актуелен претседател на МОК во врска со случајот со распределба на средства од ваучечер системот



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2024 17:26