Неколку стотини студенти од различни универзитети во Либан се собраа денеска во Бејрут во знак на поддршка на Палестинците и против израелските операции во Појасот Газа, пренесуваат француските медиуми.

-Ние сме соседи на Палестина и кој ќе биде со нив, ако не ние, изјави студентката Зеина пред кампусот на американскиот универзитет во Бејрут, каде студентите носеа палестински знамиња и шамии.

Некои студенти носеа транспаренти со пораки за солидарност со јужен Либан, каде што исламистичкото движење Хезболах од 8 октомври истрелува ракети врз Израел како поддршка на својот сојузник, палестинското движење Хамас, поради војната во Појасот Газа.

Студентско движење за поддршка на Палестинците беше започнато на Универзитетот Колумбија во Њујорк, каде на 18 април беа уапсени околу 100 учесници на демонстрациите. Во изминатите десет дена тоа движење се прошири и на други американски и европски универзитети. Во Франција се одржаа митинзи пред познатата Сорбона и престижниот факултет за политички науки Sciences Po во Париз



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2024 06:08