Осум лица загинаа, а 21 се водат како исчезнати во поплавите предизвикани од обилните дождови во државата Рио Гранде до Сул на југот на Бразил.

Над 1.400 жители се раселени поради невремето, кое доведе до пораст на нивото на водата и поплави во 104 општини.

Гувернерот Едуардо Леите изјави дека државата работи на пронаоѓање на исчезнатите лица и обезбедување на сигурноста на луѓето во загрозените области



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2024 05:32