Актуелната виша советничка за надворешна политика на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, Магдалена Гроно, дополнително е именувана и за негова нова главна дипломатска советничка.

Како што соопшти Европскиот совет, Гроно ќе го наследи Симон Мордју, кој е избран за заменик генерален секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на која должност треба да стапи на 1 јули годинава.

Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека Мишел му се заблагодарува на Мордју за неговата професионалност и посветеност во работата.

- Неговиот придонес имаше влијание врз успесите во надворешната политика на ЕУ и беше високо ценет дома и во странство. Претседателот Мишел му посакува се најдобро на Симон на неговата нов должност, се наведува во соопштението и се изразува уверување дека Мордју ќе даде свој голем придонес во ЕЕАС



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2024 19:33