МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол. Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2024 21:17