Во емисијата „24 отворено“ на ТВ24 гостуваше кандидатот за пратеник во ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој што истакна дека ВМРО -ДПМНЕ очекува уште поголема победа во вториот круг со цел стабилна влада и брза реализација на проектите од програмата.
„Наши партнери кои ги преферираме ќе бидат опозициските партии затоа што ни е потребен опозициски фронт со кој што ќе можеме да ја срушиме оваа ненародна власт. Што се однесува до бројките ние излеговме со бројки пред изборите со бројка од над 100 илјади гласа разлика за нашиот претседателски кандидат очигледно сме погрешиле затоа што разликата беше 180 000 гласа, сега очекуваме над 55 пратеници меѓутоа можни се уште поголеми бројки на бранот на ова што се случува. Од една страна имаме позиција која што е буквално декласирана, демотивирана, поделена а од друга страна победничкиот бран е кај ВМРО-ДПМНЕ и сметаме дека можеме со уште поголем број на пратеници да имаме една покомотна постабилна влада која ќе ни овозможи побрза реализација на овие проекти кои што ги ветуваме во програмата“, кажа Петрушевски и додаде:
Врз база на желби и политичка пракса не очекуваме пресликување на резултатите, очекуваме уште поголеми бројки на контото на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова и слободно запишете 500 илјади гласови за Гордана Силјановска Давкова и 55 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори.
Петрушевски посочи и дека СДСМ заборавија на младите а трендот на иселување продолжи и покрај тоа што редеа чевли пред владата кога дојдоа на власт буквално заборавија на младите.
„Жално е што СДСМ касно се сетија дека се иселуваат младите, а кога СДСМ беа опозиција редеа чевли пред владата и ветуваа справување со овој проблем и ова е уште еден доказ дека СДСМ воопшто не ја примиле пораката на граѓаните, како што воопшто не ја примиле пораката на граѓаните во 2020 година кога тогашниот премиер Заев ветуваше метли, па правеа перформанси на нивните митинзи, потоа воопшто не ја примиле пораката во 2021 кога доживеаја дебакл на локалните избори па исто така укажуваа дека ја примиле пораката од граѓаните меѓутоа не ја примиле пораката. Во нашата програма 1198 ги имаме сите проекти и политики кои што се потребни за справување и со овој проблем на иселувањето и во делот на подобар животен стандард фронт против корупција итн.“, истакна Петрушевски.