Остатоци од соборени руски беспилотни летала рано утринава погодија цивилни цели во Харков, вториот по големина град во Украина, при што беа повредени три лица и предизвикаа пожар во деловна зграда.

Регионалниот гувернер Олех Синехубов на Телеграм информира дека 13-годишното дете и една жена се хоспитализирани. На друга жена и била укажана помош на лице место.

Службите за итни случаи го ставаат пожарот под контрола, додаде тој. јт/Фото: Телеграм .



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2024 19:05