Шпанија денеска ги осуди коментарите на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој ја обвини шпанската Влада дека му носи „сиромаштија и смрт“ на својот народ

„Шпанската влада категорично ги отфрла неоснованите зборови... кои не ги одразуваат односите меѓу двете земји и нивниот братски народ“, соопшти шпанското Министерство за надворешни работи.

Кабинетот на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи објави соопштение за платформата „Икс“, во кое го обвини премиерот Педро Санчез дека и штети на шпанската економија и стабилност, како и дека има поважни проблеми за решавање.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2024 22:36