Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека отпорот, како што наведе, на „израелската окупација“ повеќе не е војна меѓу Израел и Палестина, туку „борба меѓу угнетувачите и угнетените ширум светот“.

Во обраќањето на 15-тиот самит на Организацијата за исламска соработка, што се одржува во Банџул, главниот град на Гамбија, Фидан рече дека ниту една членка нема право да ги решава своите несогласувања преку „крвта на Палестинците“.

Фидан додаде дека должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2024 02:09