Кандидатот за претседател поддржан од коалицијата предводена од СДСМ Стево Пендаровски денеска ги повика граѓаните на Ресен да излезат масовно на гласање на 8 мај.
Пред ресенчани, Пендаровски посочи дека имаат дијаметрално спротивно понуди со неговата противкандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.
- Јас нудам прогрес, тие нудат враќање назад. Ние ја внесовме државата во НАТО и почнавме преговори со ЕУ, тие најавуваат репреговарање на договорите кои го овозможија тоа. Со нас има слобода на говор, тие, ако се дограбат до власт, ќе апсат новинари и ќе имаме режим број 2, истакна Пендаровски.
Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, државата била во приватна сопственост и ги деградирала граѓаните во зависност од тоа дали некој гласал за нив или не.
Пендаровски ги повика жителите на Ресен во среда да размислуваат за иднината на државата.