Високонапонскиот објект на Националната енергетска компанија „Укренерго“ е оштетен во руски напад со беспилотни летала и ракети врз Сумската област во Украина.

- Меѓу оштетената цивилна инфраструктура е и високонапонски објект на „Укренерго“ … Екипите за поправка на „Укренерго“ работат на постепено враќање на снабдувањето со енергија на потрошувачите, соопшти операторот.

Како што пренесува Укринформ, во соопштението се додава дека руските напади врз енергетските капацитети во регионот Харков не престануваат и оти вчера од безбедносни причини била исклучена опремата на локалната регионална енергетска компанија.

- Поголемиот дел од неа веќе е вратена во функција, но целосното обновување на снабдувањето со енергија е попречено од непријателствата во близина на објектите на енергетската инфраструктура, се вели во соопштението



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2024 18:15