Социјалистичката партија на Македонија укажува дека гласањето на 8 мај е историско, народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека како никогаш досега на македонскиот народ му е потребна сплотеност и единство како услов за опстојување и сочувување на македонската држава.

Единствена организирана структура која има сила и моќ за промени во државата е Колацијата „Твоја Македонија“ и само таа може да обезбеди стабилност, просперитет и европски развој на Македонија.

Кандидатката за преседател Гордана Силјановска Давкова и предложените кадри за пратеници од Коалицијата се потврдени луѓе, сериозни, и цврсто патриотски определени за да ја направат Македонија силна и горда. Само тие може да се справат со проблемите што ги создадоа СДС и ДУИ, со криминалот и мафијата кои мора да бидат отстранети и казнети.

Силата и вољата на народот ќе се оствари со реализација на Програмата 1198 на Коалицијата које е програма од народот и ги содржи сите негови барања кои сигурно ќе бидат реализирани.

Социјалистичката партија на Македонија ги повикува сите граѓани на масовна излезност и поддршка за кандидатите на Коалицијата „Твоја Македoнија“ за поубава, праведна и горда држава за успех на сегашните и идните генерации.

Социјалистичка партија на Македонија



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2024 18:30