Официјален претставник на Хамас за порталот Вала изјавил дека повикот на Израел до цивилите да евакуираат делови од Рафа пред потенцијална копнена офанзива ќе доведе до колапс на преговорите за договор за заложниците и примирје.

- Израелската одлука да започне евакуација на населението ќе ги запре преговорите за договорот, кои добро напредуваа и бевме блиску до договор, изјавил претставникот на исламистичката терористичка група за новинската страница Вала.

- Нетанјаху е во илузија дека заканата за инвазија врз Рафа ќе изврши притисок врз Хамас, но тоа само ќе доведе до колапс на преговорите, вели претставникот, пренесува Тајмс од Израел



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2024 19:00