Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју во подкастот на Плусинфо, меѓу другото, зборуваше и за постизборните коалиции за формирање на влада, за што неспорно е дека предводник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ.

За евентуалната постизборна коалиција за формирање на Влада со албанската опозиција Влен, во која Демократска унија за интеграција (ДУИ) би останала надвор и во опозиција и дали се очекува да прават проблеми, Мицкоски истакна дека многу тешко командантите на Ахмети кои што во 2001 година немаа пет пари во џеб сега се милионери со хациенди како на шеици, при што не верува дека ќе им се ризикува и дека ќе прават проблеми кога ќе одат во опозиција, но дека ќе се обидат тоа стекнато богатство да го заштитат.

„Тие команданти кои што немаа пет пари во 2001 сега се милионери со хациенди како блискоисточни шеици и многу тешко би им се жртвувало сето тоа. Но, дека ќе се обидат да прават било какви немири и дека ќе се обидат да го заштитат она кое што го имаат, како рече Али Ахмети во една прилика на локалните избори 21-та, воен плен. Така тој рече за Кичево и за Дебар, значи тоа е воен плен. Е сега, воениот плен е Соравија, Ролс ројсот на сватовите, становите, дуќаните во центарот на градот и така натаму. Тупаниците што ги делат нивни разбојници по институции како контрола на летање, ќе се обидат да го заштитат“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека, како идна влада ќе се обидат да го заштитат системот, државата и институциите и дека се подготвени на тоа и имаат план како да одговорат.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2024 20:43