На ден пред двојните Избори - 2024 година во Република Македонија, затвораме ера на едно предавничко, криминално и коруптивно владеење на СДС и ДУИ - чии резултати се бројат во изгубени години, животи и обезличување на Македонија. Го сменија името, капитулираа пред сите соседи, а во меѓувреме ненаситно си ги наполнија џебовите. Левица ги повикува сите граѓани масовно да излезат и да го зададат последниот удар на истрошената досегашна владејачка клика! Левицата, конечно, ќе се ослободи од транзициските клептомани на СДС на „Нашата Земја“ и ќе се стабилизира во силна и современа Левица, која почива на АСНОМските идеали и на поривот за слобода од канџите на профитот и националните предавства, на поривот за борба против олигархијата и на поривот да си ја вратиме Републиката во рацете на обичните луѓе. Повторно, низ цела Македонија, се вееше знамето на АСНОМ! Во Собранието ќе се бориме неуморно, а ќе црвенее секој сокак и секоја улица, преполни со вас, работни луѓе на чии плеќи притиска тежината на историската задача. Еднаш победивме квислинзи, ќе победиме пак! Левица е тука, со вас и за вас - Македонија ќе биде слободна и Нов свет ќе изградиме - братски! p.s. Благодарност до сите наши активисти, волонтери и симпатизери кои несебично се вложија во нашата изборна кампања. Без вас сме ништо, со вас сме сè! Се гледаме од собраниските клупи, со првата пратеничка група на Левица.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2024 23:45