Возљубен народе, на 8 мај мора да ја повторите лекцијата од 24 април. Да научат како се однесува народот. Мора да им одржиме лекција дека народот легитимира, народот делегитимира. На овие избори се случува чудо, не доаѓаат само реки од народ од Македонија, туку и нашите Македонци од странство. На младите им порачувам, не бегајте од Македонија, не одете си! На 9 мај ќе почне нова демократска македонска историја! Ќе имаме нова одговорна власт!
Немојте да дозволите оние кои повикуваат на бојкот да ви го суспендираат избирачкото право. Тоа е ваше! Излезете и гласајте! Така ставате камче во новиот темел на демократска Македонија! Надежта ја гледам секој ден на лицата на младите, кај возрасните! Знаат дека се ближи ново време, ново македонско доба во која улога ќе имаат сите без оглед на припадноста. Времето на знаење, ум, креација доаѓа! Вие го направивте правиот избор на 24 април. Не се сомневам дека нема да го бојкотирате она што е ваше, избирачкото право. Сигурна сум дека ќе го направите вистинскиот избор на 8 мај. А потоа, заедно ќе го славиме Денот на победата над фашизмот. Тој ден ги обедини сите и повторно сите ќе не обедини. Ама сега за повисоки цели. За право и правда! За држава каква што заслужувате!
Ве молам размислете, ние немаме друг избор. Македонија! Македонија вечна! Македонија сме ја наследиле, ќе ја оставиме на идните поколенија!
Македонија горда! Како што се гордеам јас на Ченто, да се гордеете вие на вистинските чекори што сте ги направиле на 24 април и на 8 мај!
Гордана Силјановска Давкова