Египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа со кој се согласи палестинската милитантна група Хамас вклучува три фази, од кои едната е постојан прекин на огнот, рече заменик-лидерот на Хамас, Калил Ал Хаија, додавајќи дека посредниците пренеле дека американскиот претседател Џозеф Бајден е лично посветен на спроведувањето на договорот за прекин на огнот, пренесува Ал Џезира.

Според предлогот, секоја од трите фази би траела 42 дена: примирјето би започнало во првата фаза, што ќе вклучи повлекување на израелските сили од коридорот Нецарим, кој Израел го користи за да го подели Појасот Газа на северен и јужен дел.

За време на првата фаза, раселените Палестинци ќе се вратат во своите домови, ќе им биде дозволена испорака на помош, гориво и материјали за помош на цивилите, а за секоја заложничка која би ја ослободил Хамас, Израел да ослободи 50 палестински затвореници



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2024 04:52