Во Куманово денеска гласаат 420 болни и немоќни лица, соопштија од Општинската изборна комисија (ОИК) Куманово.
- Беа поднесени 450 барања, 30 се одбиени, 420 денеска гласаат. Утрово почна и гласањето во казнено-поправната установа затвор Куманово К‘ шање каде гласаат 127 затвореници, изјави претседателката на ОИК, Елизабета Стојковска.
Во Липково, според податоците на претседателката на ОИК, Ајше Демири гласаат 500 болни и немоќни лица.
Во Старо Нагоричане, соопшти претседателот на ОИК, Марјан Даиловски гласаат вкупно 14 болни и немоќни лица.
- Претходно имавме осум, беа пријавени седум, едно беше одбиено, изјави Даиловски.
Во Куманово на утрешните избори, според податоците на ОИК право на глас за претседателските избори имаат 93.508, додека за парламентарни 93.635 избирачи кои гласаат на 167 места.
Во Липково, за претседателските избори евидентирани се 26.030 гласачи, за парламентарните 26.024 гласачи кои гласаат на 36 избирачки места соопштија од ОИК Липково.
Во Старо Нагоричане има 3.043 гласачи за претседателски, а за парламентарни 3.046 кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбор