Затворениот руски дисидент и новинар, Владимир Кара-Мурза, ја доби Пулицеровата награда за 2024 година за коментарите и за своите написи објавени во Вашингтон пост.

Кара-Мурза „победи за страсните колумни напишани со голем личен ризик од неговата затворска ќелија, предупредувајќи за последиците од несогласувањето во Русија кон Владимир Путин и инсистирајќи на демократската иднина на неговата земја“, се наведува во соопштението на Пулицеровата комисија.

Кара-Мурза моментално отслужува 25-годишна затворска казна, најдолга затворска казна изречена на противник на Кремљ во постсоветска Русија, за дискредитација на руската војска и предавство, по забелешките што ги даде во говорите надвор од Русија, критикувајќи ја политиката на Москва, јавува Радио Слободна Европа



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2024 17:43