Во Берово во вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори право на глас имаат 10.436 гласачи. Бројката, како што информираа од Општинската изборна комисија, може да варира поради лица кои помеѓу двата круга од изборите наполниле 18 години, а се уште не извршиле евиденција во избирачкиот список.

Од ОИК Берово воедно информираа дека во текот на денешниот ден гласаат 259 болни и изнемоштени лица, кои своето право на глас ќе го остварат во домашни услови.

- Во однос на гласањето на болни и изнемоштени лица, во Берово имаме 72 граѓани повеќе во однос на првиот круг од претседателските избори кога гласаа 187 болни и изненоштени лица со право на глас, информираа од ОИК Берово.

Како и во првиот круг од претседателските избори и утре во Берово ќе се гласа на вкупно 16 избирачки места



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2024 18:15