На предлог на Министерството за одбрана, Владата на денешната 20-та седница донесе неколку одлуки за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежби и во операција на НАТО.

Како што информира прес-службата на Владата, донесена е одлука за испраќање припадници на АРМ за учество во вежбата „BEYOND HORIZON 24“ во Бугарија, за учество во НАТО-операцијата „КФОР“ во Косово и за испраќање припадници на АРМ за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Германија



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2024 04:56