Претседателката на Молдавија, Маја Санду денеска изјави дека Кишињев се стреми да ја реинтегрира самопрогласената Придњестровска република, поддржана од Русија, пред земјата да стане членка на Европска Унија.

- Сакаме да ја подготвиме земјата за интеграција во ЕУ до 2030 година. Идеално, реинтеграцијата на земјата (Придњестровје) ќе се случи пред пристапот (на Молдавија) во ЕУ, и ние работиме за тоа, посочи Санду, која е во посета на главниот град на Норвешка, Осло.

Таа додаде дека тоа не зависи само од Молдавија.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2024 04:58