Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции, Претседателството и кабинетот на премиерот, но веб-страниците брзо беа повторно фукционални, изјави министерот за одбрана, Ејуп Маќедонци.

-Група руски хакери извршија кибер-напад на Косово како одмазда за мојата изјава за поддршка на Украина, изјави Маќедонци за РТ додека беше во Полска на конференцијата „Одбрана 24“, пренесе Бета.

Во текстот на руските хакери се споменува говорот на тој косовски министер кој, според нив, рекол дека „Косово е подготвено да и понуди воена помош на Украина“.

-Косово е подготвено да се приклучи на колективните напори за поддршка на одбраната на Украина. Треба да размислат повеќе за ова..., напишаа хакерите на руски, споменувајќи го министерот.

Министерката за надворешни работи и дијаспора, Доника Гервала објави дека „Русија врши хибриден напад на Косово“.

Гервала на мрежата „Х“ објави дека „рускиот хибриден напад на Косово“ доаѓа по најавата за поддршка на Косово за Украина со воена опрема



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2024 05:11