Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека доколку францускиот претседател Емануел Макрон испрати француски војници во Украина, тие ќе бидат легитимна цел на руската армија.

Зборувајќи за изјавата на Макрон од февруари дека нема да ја исклучи можноста за испраќање француски војници во Украина, Захарова рече дека „карактеристично е Макрон да ја објасни оваа реторика со желбата да создаде некаква „стратешка неизвесност“ за Русија“, пренесуваат руските медиуми.

„Доколку Французите се појават во зоната на конфликтот, тие неизбежно ќе станат цел на руските вооружени сили“, рече Захарова.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2024 16:01