Во Велес и велешко на сите 84 избирачки места до 15 часот на гласање во вториот круг за избор на претседател од запишани 44 858 на Единствениот избирачки список за претседател гласале 17 593 лица или 39,22 проценти.
На Единствениот избирачки список од запишани 44 954 за избор на пратеници во Парламентот до 15 часот гласале 17 888 лица или 39,80 проценти од гласачите, информира за МИА Ребека Бајдевска Ѓошева од ОИК Велес.
Од ОИК Велес ги повикуваат гласачите до 19 часот да излезат на избирачките места и да го остварат своето уставно право на глас.
Во Општина Градско на 11 избирачки места од 3019 запишани граѓани на Единствениот избирачки список за избор на претседател до 15 часот гласале 1257 лица или 41,64отсто од избирачите, а од 3 024 на списокот за пратеници до 15 часот гласале 1258 лица или 41,60 проценти од избирачите, информира за МИА, Мери Седмакова Димовска, претседател на ОИК Градск