Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски попладнево изјави дека има солидна излезност. До 18:30 часот на претседателските избори излезноста е 46,34 проценти, а на парламентраните избори 53,15 проценти.

Најголема излезеност за претседателските избори има во Новаци со 72,76 проценти, а најмала во Липково со 7,35 проценти.

Споредбено со вториот куг од претседателските избори во 2019 година, има зголемување на излезеноста од 1,84 проценти, соопшти ДИК.

- Има солидна излезност, солидна бројка. До 18:30 часот процентот е 46,34 проценти од 58 проценти обработени продатоци, изјави Даштевски за централниот дневник на „Сител“ телевизија.

За парламентарните избори најголема излезност има во Кривогаштани 82,43 проценти, а најмала во Центар Жупа 18,62 проценти.

По изборни единици излезноста е следна:

Во Првата изборна единица излезноста е 59,14 проценти, во Втората 48,61 процент, во Третата 57,87 проценти, во Четвртата 57,49 проценти, во Петтата 53,45 проценти и во Шестата изборна единица 37,36 проценти.

Како што информираат од ДИК до нив доставени се вкупно 490 приговори за заштита на личното избирачко право.

- Од нив, 262 е овозможено да го остварат своето право на глас, 33 приговори се отфрлени како неуредни, а 88 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка, велат од ДИК.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2024 19:28