Актуелниот претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски, својот мандат го заврши со катастрофален пораз од страна на неговиот противкандидат и иден претседател Гордана Силјановска Давкова.

Пендаровски освои 251.446 гласови додека Силјановска доби 300.000 гласови повеќе од него, односно 559.892 гласови на 99% обработени гласови.

Единствена утеха за актуелниот шеф на државата Пендаровски е што има добиено за отприлика 100.000 гласови повеќе отколку СДСМ на парламентарните избори.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2024 05:01