Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну ќе формира специјална работна група за подобра заштита на жртвите и казнување на сторителите на сексуална злоупотреба во војската. Тој го објави ова во својата статија објавена во весникот „Монд“

Работната група, која ќе треба да ги прегледа дисциплинските процедури и „да излезе со силни препораки за командантите“, ќе ја предводи генералниот инспектор на вооружените сили и жандармеријата.

Иницијативата има за цел да го реши прашањето за сексуално вознемирување и злоупотреба во војската, институција која традиционално молчи за ваквите прашања и е под зголемен притисок откако жените-војници почнаа да зборуваат оваа година за сексуалната злоупотреба во локалните медиуми.

„Војникот се приклучува во армијата на Франција за да се брани, а не да напаѓа. Така што, да бидеш сексуално нападнат или вознемирен, дури и ако си војник, те прави жртва“, напиша Лекорну во својата статија.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2024 13:00