Ситуацијата за луѓето во Рафа во јужниот дел на Појасот Газа продолжува да се влошува како што израелската армија напредува, изјавија волонтери на теренот.

Хуманитарната организација Спасете ги децата (Save the Children) денеска нагласи дека во градот „сцените се хаотични“. Улиците се полни со автомобили, луѓето се фаќаа за камиони каде ќе стигнат, децата се товарат на магариња меѓу спакуваните работи на нивните семејства.

- Ако немате возило, пешачите – со сè што можете да носите, рече Рејчел Камингс, шефица на операции за „Спасете ги децата“ во Појасот Газа. Децата очајно се обидуваа да бидат во чекор со возрасните.

- Гледаме боси деца, не постари од шест години, како се борат да носат шишиња со вода и други намирници, рече Камингс, додавајќи дека „тоа навистина е многу застрашувачко место за децата во моментов“.

Таа нагласи дека има деца кои плачат и врескаат по патиштата, целосно обземени од паниката и хаосот што го доживуваат



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2024 14:43