Под мотото „Вкус и традиција“, од 17 до 19 мај во Diamond Mall ќе се одржи Фестивал на македонски домашни производи.
Изложувачи на Фестивалот ќе бидат 15 домашни производители на традиционални прехранбени производи и пијалаци.
Како што најавуваат организаторите, посетителите ќе можат да вкусат и да набават домашен путер и масло од лешник, производи од тартуфи, комбуха, афион, бобинки и бадем, потоа домашно зреено месо и сувомеснати производи, сирење, зимница и мед, како и ракија, вино и пиво произведени во мали семејни дестилерии, винарници и пиварници