Велешанец при собирање печурки почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед, од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.

- Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2024 05:00