„Алфабет“, матичната компанија на американската технолошка корпорација „Гугл“, денеска најави дека ќе вложи една милијарда евра во проширувањето на главниот центар за податоци во Финска.

Главната причина за проширувањето е лесниот пристап до зелената енергија на локацијата Хамина, јужна Финска. Претходно „Гугл“ се обврза дека до крајот на деценијата сите канцеларии и центри за податоци ќе се напојуваат од обновливи извори на енергија.

„Гугл“ исто така планира да работи со локална комунална компанија и вишокот топлина од центарот за податоци да го пренасочи во системот за загревање на домаќинствата во Финска



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2024 06:04