Апсолутни победници на четвртиот „Stopanska Triogy Triathlon“ што се одржа викендот во СЦ „Борис Трајковски“ и во околината се Александар Божилов од клубот Космос од Софија, Бугарија и Ива Павловиќ од клубот Крагуевац од Србија.
Второ место во машка конкуренција освои Филип Виленца член на Максимир од Загреб, а трет беше Борис Андреев од Тритим од Софија.
Кај жените, втора заврши Лана Гавриловиќ од ТК Сава Крагуевац, а трета – Анастасија Пејчева од Тритим од Софија, Бугарија.
Наградите во главните категории ги врачија Жарко Кржаловски, директор на Стопанска лизинг и Дарко Костовски, директор на продажба.
Победници по категории:
Сениори: Борис Андреев и Лана Гавриловиќ:
Јуниори: Александар Божилов и Ива Павловиќ:
Кадети: Матеј Магдиќ и Маша Марковиќ.