Дипломци од Универзитетот Јеил ја напуштија церемонијата на доделување на дипломи во знак на протест поради израелската војна во Појасот Газа, финансиските врски на Универзитетот со производителите на оружје и одговорот на институцијата на пропалестинските демонстрации во кампусот.

Студентите почнаа да излегуваат откако претседателот на универзитетот Питер Саловеј го започна својот говор, носејќи плакати на кои пишуваше „Книги, а не бомби“, како и „Отфрлете ги обвиненијата“ и „Заштитете ја слободата на говорот“, алудираќи на 45-те уапсени студенти во полициската акција во кампусот минатиот месец.

Некои носеа црвени латекс ракавици за да ги симболизираат раскрвавени раце



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2024 22:31