Американската федерална Агенција за заштита на природната околина (ЕПА) предуреди за можни кибер напади на објекти од системите за водоснабдување по целата територија на САД.

Во предупредувањето, агенцијата ги повикува комуналните претпријатија да преземат итни мерки за заштита на питката вода во земјата.

Според оценките на ЕПА, а по проверки извршени од федералните органи во изминатата година, се дознава дека околу 70 отсто од претпријатијата ги нарушиле стандартите развиени за заштита од кибер напади. Некои од нарушувањата се елементарни грешки како заштита на лозинки поставени стандардно или спречување на пристап до системот за поранешни врабтени.

Од ЕПА укажаа дека земји како Кина, Русија и Иран активно бараат можности да онеспособат објекти од критичната инфраструктура на САД.

Многу системи за водоснабдување располагаат со скромен број вработени и ресурси за заштита од вакви напади, се вели во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2024 03:31