Во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал осуденикот И.А.(65) од Тетово, кој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а кој претходно бил донесен со влошена здравствена состојба.
Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен ноќеска, во 02.30 часот по полноќ во СВР Скопје.
По насока на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција