Во пресрет на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, владина делегација предводена од министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска положи цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј, на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Владината делегација, како што стои во соопштението од владината прес-служба, оддала почит на просветителското дело на светите браќа кое е од темелно значење за македонскиот јазик, идентитет и култура.

- Владата во изминатите години со низа активни политики го заштити и унапреди македонскиот стандарден јазик, обезбедувајќи го неговиот континуитет. Од пред две години, македонскиот јазик е на рамноправно рамниште и со официјалните јазици во институциите на Европската Унија. И во оваа насока, Владата го потенцира значењето на мудрите и проактивни политики, со цел натамошна афирмација и интеграција на македонскиот јазик, идентитет и култура, во демократските семејства на јазици, народи и култури, се вели во владиното соопштение.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2024 16:43