Косовскиот премиер Албин Курти последниве дестина дена започна низа средби со шефовите на политичките партии кои се во опозиција, но и со неговите соработници во владината коалиција, при што прашањето за одење на вонредни избори е една од темите за кои е разговарано на вечерите што тој ги организира, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во врска со средбите на косовскиот премиер со челниците на парламентарните партии, пратеник од редовите на неговата партија, Движење самоопределување (ВВ), кој побарал да остане анонимен, откри каква е зделката што Курти се обидува да ја постигне со опозицијата.

Во изјава за новинската агенција Ројтерс, неименуваниот пратеник на ВВ тврди дека премиерот Курти се обидува да ги убеди опозициските партии да гласаат за Граѓанскиот законик, нудејќи им во замена предвремени избори.

„Пратеник на владејачката партија (ВВ) за агенцијата Ројтерс, под услови на анонимност, изјави дека Курти се обидува да ја убеди опозицијата да гласа за новиот граѓански законик, како и за договорите за енергија и инфраструктура, нудејќи за возврат распишување предвремени избори“, објави Ројтерс денеска, пренесоа медумите во Приштина.

Премиерот Курти за време на престојот во Германија пред неколку недели вети дека лично ќе се обиде да обезбеди мнозинство за Граѓанскиот законик, бидејќи во неговата партија има голем број пратеници кои се против, поради тоа што со него се озаконуваат истополовите бракови.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2024 01:43