Британскиот министер за воени ветерани Џони Мерсер им порача на луѓето кои го исмеваат - „да пораснат“, откако фотографијата на којашто тој седи бос во воз за Лондон стана хит на интернет.

Сликата прв ја објави лондонски „Тајмс“ (The Times), а Мерсер наводно го фотографирал еден од патниците. Корисниците на социјалните мрежи потоа го критикуваа министерот што ги соблекол чевлите и чорапите во јавниот превоз. Тој инсистира дека не направил ништо лошо.

- Значи, некој чудак одеше наоколу и го фотографираше мојот лаптоп додека читав приватни пораки. Чевлите и чорапите ми беа собуени затоа што тукушто пројдов со велосипед низ Дартмур на дождот. И, сега - убијте ме! Или пораснете!, објасни Мерсер.

Портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак на новинарско прашање се согласи дека „не е в ред да се собувате“ во воз. Тој најави дека Сунак ќе разговара со својот министер за овој случај



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2024 04:15