Собранието на Косово ќе одржи денеска пленарна седница на која ќе се расправа за трите години на Владата предводена од Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Денешната собраниска расправа е закажана во понеделникот на седница на Претседателството на Собранието, на барање на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), која преку резолуцијата бара „Владата да го заврши мандатот со оставка или со предлог за нејзино разрешување“, а по оставката или разрешувањето, Собранието на Косово да се распушти.

Расправа за тригодишнината на владата на Движењето самоопределување (ВВ) беше побарана и претходно, но поради отсуство на премиерот Курти во Собранието не можеше да се одржи.

Седницата на која ќе се разгледува предлог-резолуцијата на ААК, партија предводена од поранешниот премиер, Рамуш Харадинај, е закажана за во 13 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2024 21:59