Грчката полиција во Атина уапсила две лица, странски државјани, кои пуштале во продажба медицински маски и ковид тестови на кои им ги менувале датумите на производство и рокот на траење, а процените се дека нелегално се стекнале со 1,6 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Биле откриени и одземени 351.000 селф тестови за Ковид, 2.500.000 медицински маски и 120.000 налепници-етикети од странска фармацевтска индустрија.

- Според Националната агенција за лекови, промената на датумите на производство и на траење, како и условите за складирање, транспорт и ракување со производите, ги прават медицинските маски и тестови опасни за јавното здравје, соопштија од грчката полиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2024 22:30