За време на состанокот со претставниците на НАТО во Брисел, министерот за одбрана во Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, повика на создавање база на НАТО во земјата, јавија сараевски медиуми. Според него, на Русија „не смее да и се дозволи да навлезе во срцето на Европа преку Западен Балкан“.

Хелез тврди дека создавањето на база на НАТО во Босна и Херцеговина „ќе го запре ширењето на деструктивни влијанија и ќе обезбеди дополнителни гаранции за стабилноста, безбедноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата“. Тој го информирал врховниот командант на НАТО во Европа, генералот Кристофер Каволи, дека „политичката ситуација и безбедносната ситуација се влошени“ во Босна и Херцеговина, дека „овие околности и помагаат на Русија да го дестабилизира регионот“ и дека НАТО „ не треба да остане рамнодушен на таквите активности на Руската Федерација“.

Хелез предложи „подобрување на соработката меѓу Босна и Херцеговина и НАТО, што ќе доведе до зајакнување на одбранбениот систем на Босна и Херцеговина и опремување на вооружените сили со противтенковски и противвоздушни системи со краток и среден дострел“ со цел да се „спречи несаканото влијание на Русија и слични деструктивни сили во регионите на Западен Балкан“, соопшти Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2024 23:20