Албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи објави моменти од средбата во Милано со албанската дијаспора во Италија, повторувајќи го кажаниот став на средбата, дека „Албанците во Италија се главните и најзаслужните обединувачи на двата брега на Јадранот“.

-Видео разгледница од црвено-црниот бран на италијанските Албанци, симбол на новото време што дојде за Албанија и за Албанците, наведува Рама покрај објавеното видео.

Рама објави дека во Италија има околу 700 илјади албански граѓани со редовни дозволи за престој, дека над 250 илјади се со италијански пасоши и право на глас и оти најголемиот процент се концентрирани на развиениот италијански север.

Според него албанските студенти се 10 отсто од вкупниот број странски студенти од земји надвор од ЕУ и оти „меѓу сите странски студентски заедници во Италија, албанската е рангирана со најдобри резултати“.

Исто така, премиерот истакнува дека во Италија над 40 илјади компании се сопственост на албански граѓани а 421 илјада Албанци ќе имаат корист од договор со Италија за взаемно признавање на пензиите



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2024 17:26