Дечињата од населбата Илинден од денес добија ново детско игралиште кое се наоѓа во рамки на Домот на култура „Илинден“.
-Детското игралиште е ново освежување на просторот околу Домот на култура а опремено е со детски реквизити, како лизгална, форми на коњчиња, клацкалки, лулашка, гумен под, оградено е со панелна ограда, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, соопштија од Општина Илинден.
Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски новото детско игралиште е одлично надополнување на на целиот комплекс, а дечињата и од овој дел на населбата ќе имаат одлично катче за дружење и рекреација, каде ќе можат да го поминуваат слоборното време во игра и забава.
Во соопштението е наведено дека новото детско игралиште претставува континуитет на успешните проекти на општина Илинден, кои ќе се реализираат во наредниот период и во останатите населени места.