Факултетот Хајделберг во Скопје, денеска одржа панел-дискусија на тема „Германското дуално високо образование и врската со бизнис секторот“ на која присуствуваше претседателот на бордот на директори на факултетот Хајделберг од Скопје и член на Советот за економија на германската ЦДУ, Улрих Цајтел, како и претседателката на Универзитетот Провадис во Франкфурт, Урсула Бихер-Ото.

Професорот на Факултетот Хајделберг во Скопје, Синиша Наумовски, вели целите на посетата на германската делегација се имплементација и промоција на еден нов начин на високо образование. Наумовски ја истакна поддршката од чинителите на идната влада за имплементација на дуалното високо образование.

– Ние сме во борба десетина години колку можеме да го промениме системот, високообразовниот систем кој сите знаеме дека е лош. Ме радува поддршката на идната влада, вчера на состанок беа чинителите на идната влада од ресорот за образование, најголемата партија која што ќе формира влада и ресорот за финансии. Од нив добивме силна поддршка и начини на имплементација на дуалното високообразование, преку мостот Хајделберг и особено поддршката од Педагошкиот државен универзитет во Хајделберг преку професорот Урлих Цајтел, кој е од тоа лоби на научно-истражувачки работници за да ја поддржи или да помогне на Министерството за образование во идните реформи на едукација, рече Наумовски.

Претседателот на бордот на директори на факултетот Хајделберг од Скопје, како и член на Советот за економија на германската ЦДУ, Улрих Цајтел, вели дека германската економија има потреба од развој на вештачката интелегенција во делот на ИТ секторот, истакнувајќи го недостигот на квалификуван кадар.

– Точно е дека ни недостасува квалификуван кадар, но она што можеме да го истакнеме за нашата економија е вештачката интелегенција, тоа значи дека нашата економија има потреба од развој на вештачка интелегенција, поточно од областите на ИТ и комуиникација. Ќе имаме полесен пристап до германскиот пазар за работната сила. Луѓето ќе можат веднаш да почнат со работа и нема да треба да чекаат за целиот процес на емиграција да биде завршен и веднаш ќе можат да почнат со работа во претпријатијата, рече Цајтел.

Посочи дека зголемувањето на платите во Германија е резултат на зголемената продуктивност, иако германската економија во однос на другите економии во Европската унија бележи најмал пораст.

– Не може да се зборува за раст на плати, доколку нема раст на продуктивноста, бидејќи тие две работи се врзани една за друга. Очекувањата треба да ги прилагодиме, којшто сега бележи 0,2 до 0,3 отсто пораст и платите треба да бидат во согласност на тој пораст на БДП. Идните години очекуваме благ раст на платите во Германија. Мора да признаеме дека германската економија во однос на другите економиии во Европа бележи најмал пораст. Ние веќе го достигнавме дното, така да речеме, и се надеваме дека во 2024 може само работите да одат на подобро. Сега бележиме раст во економијата од 0,2 до 0,3 отсто. Јас сакам да бидам оптимист, но експертите велат дека до крајот на 2024 можеме да очекуваме поволен пораст на економијата, рече Цајтел.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2024 14:10