Во реонскиот парк во Ѓорче Петров денеска првпат се одржа натпревар во прва помош за екипи од основните училишта. Учествуваа училишта од општините Ѓорче Петров, Сарај и Карпош, односно вкупно 23 екипи.

Како што информира Општина Ѓорче Петров, ова е еден од начините организиран од Општината во соработка со Црвениот крст - Карпош преку натпревар да ги едуцира учениците со придобивките од познавање на првата помош.

- Натпреварите се организираат на општинско, градско, регионално и државно ниво и имаат за цел да ја зголемат јавната свест за улогата и значењето на првата помош како живото-спасувачка вештина. Целта е пред се најмладите да се стекнат со основни познавања и вештини за правилно и навремено укажување прва помош, се вели во соопштението.

Општина Ѓорче Петров најавува дека и во иднина ќе поддржи настани со цел едукација на младите во насока на хуманоста и солидарноста.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2024 04:33