Професорка во средно училиште во Атина е полесно повредена откако група ученици во дворот фрлиле петарди, јајца и разни предмети, по што полицијата привела девет малолетни лица , јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентот се случил претпладнево во училиште во северниот дел на Атина, а според медиумите, приведените се на возраст од 14 години и не се ученици во конкретното средно училиште.

Причините за нападот, засега не се познати.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2024 04:38