Во судир меѓу автобус и патнички автомобил што се случи рано утринава кај Мали Пожаревац, загина возачот на автомобилот. Повредени се повеќе од 30 лица, од кои четворица потешко, јави дописникот на МИА од Белград.

Утрово во 5 часот и 40 минути на пристапниот пат што води од Младеновац до автопатот и клучката Мали Пожаревац кон Белград, во судир на автобус на приградската линија 493 и патнички автомобил загинал возач на патничко возило.

На местото на настанот пристигнале три екипи на Брза помош од Младеновац. Повеќето од повредените се здобиле со полесни повреди.

Министерот за здравство Златибор Лончар ги посети повредените во сообраќајната несреќа што се случи кај Мали Пожаревац.

- Примени се 29 лица, од кои четворица се со тешки телесни повреди. Четворица сигурно ќе бидат задржани, а за другите ќе знаеме по тековната дијагностика, изјави за медиумите министерот за здравство.

Полицијата во моментов го регулира сообраќајот на таа делница, кој е забавен, а возилата се пренасочуваат преку Мали Поповиќ.

Истрагата е во тек.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2024 18:50